characterize - онтологија

карактеризира повеќе

карактеризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава карактеристика, опише, опишува суштествени црти на некого или на нешто.
Албански: karakterizon
Примери:
Тој нивниот настап го карактеризира како неуспешен.
Стане, станува својствен, карактеристичен белег за некого или нешто.
Албански: karakterizon
Примери:
Долината на Вардар ја карактеризира блага средоземна клима.
(се карактеризира) Се одликува со некои посебни црти.
Албански: karakterizohet
Примери:
Дејството на сказната се карактеризира со голема динамичност.

одликува повеќе

одликуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изделува, одбележува, разликува од другите.
Албански: veçoj, karakterizoj
Примери:
Стилот на овој автор го одликува едноставност и конкретност.

окарактеризира повеќе

Види и: карактеризира (св. и несв.)
окарактеризираат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде карактеристика, оценка за некого или за нешто.
Примери:
Го окарактеризира како непријател.

окарактериса повеќе

Види и: карактеризира (св. и несв.)
окарактерисаат
Вид збор: Глагол, свршен
окарактеризира

оквалификува повеќе

оквалификуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде квалификација, оценка за некого или за нешто.
Албански: karakterizoj
Примери:
Збирката ја оквалификуваа како врвно авторско остварување.

опише повеќе

опишат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, изложи систематски карактеристични особини, црти на нешто за научна цел.
Албански: përshkruaj
Примери:
Авторот ги опишал носиите од тој крај.